Посредникот во преговорите за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ванхојте, до вторник нема да биде во земјава, па дотогаш средбите на работната група ќе бидат во мирување.
Во текот на паузата, партиите треба да донесат одлука дали го прифаќаат последниот предлог на СДСМ, опозицијата да ги повлече амандманите за методологијата за прочистување на Избирачкиот список, а владејачката партија да го прифати решението за реформите во медиумската сфера што го нуди посредникот Питер Ванхојте.
Што се однесува до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за медумите, тој на вчерашната средба веднаш бил отфрлен од СДСМ и за него не ни било дискутирно. Од СДСМ велат дека независно дали нивниот последен предлог ќе биде прифатен, тие остануваат на ставот дека нема да одат на избори на 24 април, зашто дотогаш нема време да се создадат услови за фер и демократски избори.