Нова тура на кадровски промени се очекува до вечерва по завршувањето на владината седница која ќе се одржи денеска. Освен кадровските прашања на дневниот ред пред Владата се низа актуелни точки како информацијата на Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите.
Освен тоа Владата ќе расправа и за препораките од Комисијата за превенирање на последиците од топлотни бранови.
Извештаите за работата на Судски буџетски совет и за реализација на судски буџет за 2016 година се исто така дел од агендата, а на предлог на Министерството за финансии ќе се разгледува годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2016 година.
Како предлог на Министерството за економија, на денешната седница на владата, ќе се најде и информацијата во врска со формирање на работни групи за подготовка на нацрт текст на нов Закон за енергетика.