До среда облачно, а потоа ветер и дожд

by fokus

Времето ќе биде променливо облачно со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во среда ќе се задржи суво, но претежно облачно. Од четврток ќе дува засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.

Поврзани новости