До смрт e претепана 23-годишна девојка во српскиот град Александровац

by Fokus

Д.И. (23) е уапсен во српскиот град Александровац под сомнение дека ја претепал девојката која починала во болница како последица на тепањето.

„Припадници на МВР Александровац од околината на тоа место го приведоа Д.И.(23), поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход“, соопштено е од тамошната полиција.

Тој е осомничен дека и нанел повеќе удари по главата и телото на својата 23-годишна партнерка, од кои таа починала во болница, пишува српски „Телеграф“.

Според неофицијални информации тој имал досие за убиство во обид.

Се сомнева дека на тепањето му претходела расправија, а како што дознаваат српските медиуми и порано имало пријави за семејно насилство во ова семејство.

Информациите се дека мажот откако ја претепал девојката, се јавил во Итна помош и рекол дека и е лошо.

По наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството.

Поврзани новости