949
Бојкотот не е опција зошто станува збор за исклучително важна операција. Тој е граѓанска обврска и е задолжителен.
Ова денеска го истакна владиниот портпарол, Душко Арсовски на денешната прес-конференција во врска со пописот.
„Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај. Законска основа за казнување, вклучувајќи и затвор, е делото „организирање на отпор и непослушност кон законити мерки на државен орган“ од Кривичниот закони. Предвидените казни се движат од парична до три години затвор за организаторот, а ако е отежнато спроведувањето на законитата мерка и ако делото го сторил во улога на водач на група, ќе се казни со затвор од пет години“, истакна Арсовски.