Откако во јавноста излезе податок дека 83.000 работници се уште не ја зеле јануарската плата, се огласи Управата за Јавни Приходи.
– Со цел информирање на јавноста за исплатата на јануарската плата, Управата за јавни приходи транспарентно и точно ги доставува податоците за МПИН пресметките за месец јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година, велат од УЈП во своето соопштение кое го пренесуваме во целост:
• За месец јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице.
• Бидејќи законскиот рок 15 февруари се падна во сабота, земајќи ги уплатите до 14 февруари, МПИН пресметките ги платиле 46.525 работодавачи (66,2%) за 468.490 вработени лица (85,2%).
• Земајќи ги во предвид и уплатите на 17 февраури, МПИН пресметките ги платиле 52.384 работодавачи (74,5%) за 496.778 вработени лица (90,3%). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и после рокот 15 февруари. Така, согласно последната состојба на МПИН уплати, а заклучно со датум 04.03.2025 година, за месец јануари 2025 година МПИН пресметки поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавачи или (85,5%) од работодавачите за 528.418 вработени, што е (96,1%)
Според податоци, не е точно дека сеуште над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година.
Заклучно со 04.03.2025 год. МПИН пресметката не ја платиле 4.307 работодавачи што е (6,1%) за 11.504 вработени лица што е (2,1%) од вработените, додека 5.897 работодавачи, односно (8,4%) за 10.079 вработени лица (1,8%) сèуште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година. Бидејќи мерките за присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продложи наплатата на преостанатите долговните износи.
• За месец јануари 2024 година обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.020 работодавачи за 469.343 вработено лице.
• До законскиот рок 15 – февруари 2024 година МПИН пресметките ги платиле 47.795 работодавачи (68.3%) за 468.490 вработени лица (85,2%).