До крајот на следната седмица Бугарија може да има редовна влада

by Fokus

До крајот на следната седмица Бугарија може да има редовна влада, предвидува Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори. На почетокот на новата недела се очекува да биде потпишан коалицискиот договор меѓу преговарачите – „Продолжуваме со промената”, БСП, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија”, јави дописникот на МИА од Софија.

Слична прогноза на влезот во Народното собрание даде и лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова. Според неа, Кирил Петков се уште не зборувал за идни министри. Кирил Петков најави дека нивна кандидатура за претседавач со 47. Народно собрание на Бугарија ќе биде адвокатот Никола Минчев.

Во салата на Народното собрание се претседателот и потпретседателот на Бугарија, Румен Радев и Илијана Јотова, како и привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев и членовите на преодната влада на државата.

Поврзани новости