Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на денешната прес конференција соопши дека компанијата „Дермалог“ е избрана за да направи набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори.
„На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прст и се пријавија четири компании. Евалуацијата на компаниите заврши вчера и по завршување на постапката Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана.Компанијата е германска и сега трае рокот за жалба, што трае десет дена. До завршување на тој рок, продолжува постапката. Се надевам дека ќе заврши и тоа како што треба, бидејќи тоа не е во наша надлежност и дека сме еден чекор поблиску до остварување на нашето мото еден гласач еден глас, истакна претседателот на Комисијата.
Рокот за достава на техничката опрема, како што информираше тој, е 60 дена.