576
Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека добила барање од „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд за одобрување на вакцината против коронавирус, навдувајќи дека одлуката за тоа може да биде донесена на 29 јануари.
„ЕМА доби барање за одобрување за условно пуштање во промет на вакцината против ковид-19 на пазарот развиена од ‘АстраЗенека’ и Универзитетот Оксфорд“,
соопшти европската агенција со седиште во Амстердам.
Доколку биде одобрена, на територијата на ЕУ ќе бидат во оптек три вацини, откако ЕМА на 21 декември ја одобри вакцината на „Фајзер“ и на 6 јануари на „Модерна“.