458
До крајот на мај ќе има интересни политички настани, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва на РТС.
Како што рече, не сака да зборува за оставката на Ружиќ, телефонски разговарал него.
„Не сакам да зборувам за тоа. Има ситуации кога не можеш да разбереш зошто нешто се случува и зошто некој го прави тоа“, рече Вучиќ.
Дополнително, тој навести дека до крајот на мај ќе има интересни политички настани, откако беше прашан за наводите дека може да има оставки.
„Разговарав со Ружиќ и Ана Брнабиќ, а до крајот на месецот ќе донесеме важни одлуки“, изјави Вучиќ.
„Ние не сме тука да се грижиме за нашите места, туку да ја заштитиме земјата и Србија да оди напред“, додаде тој.