542
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека од неговото шпански колега Педро Санчез добил уверување оти Парламентот на Шпанија до крајот на јануари ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО.
Заев нагласи дека Санчез го информирал оти на почетокот на јануари ќе формира Влада, по што неговиот владин Кабинет до Парламентот ќе го достави предлогот за ратификација на Протоколот и тој ќе го ратификува документот до крајот на месецот.
– Нема ништо спорно, нема никаков дел кој е суштествен. Се работи само за технички аспект на ратификацијата, изјави Заев на дебатата „Патот до членството во НАТО: Од изолирана до интегрирана земја“ на Филозофскиот факултет во Скопје.