До крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација

by Fokus

Министерот за администрација Дамјан Манчевски најавува дека до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација. Предвидено е некаде да се намалува бројот на административци, некаде да се зголемува, а ако е потребно и да се затворат некои институции.

Манчевски вели дека непотребните лица од јавната администрација ќе бидат нудени во приватниот сектор, каде според него, тие би биле повеќе мотивирани за работа. Владата предвидува субвенции за приватните фирми кои би вработиле лица од јавната администрација.

Од Синдикатот на администрацијата и судството, УПОЗ, велат дека не се задоволни од новите предлог измени. Унапредувањето во кариерата и пресметките за плати не се добро регулирани, велатѕ оттаму. Синдикатот се чувствува изневерен од Владата, откако првично им било ветено дека ќе им ги прифати забелешките, но сега во предложените измени нив ги нема.

Свесен дека реформите во администрацијата долго се одложуваат, Манчевски вели дека очекува следната година граѓаните да забележат конкретни промени во јавната администрација.

Поврзани новости