До крајот на декадата да бидеме подготвени за членство во ЕУ, вели Маричиќ

by Фокус

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во интервјуто за Институтот за медиуми и аналитика – ИМА, рече дека е важно граѓаните да ги знаат фактите за тоа како секојдневниот живот ќе се промени на подобро кога државата ќе влезе во Европската Унија и дека што повеќе гласници има пристапниот процес, помал ќе биде просторот за дезинформации и манипулации.

Тој посочи дека планот на Владата е до крајот на ова декада Северна Македонија да биде подготвена за членство во Европската Унија.

– Во наш интерес е што побрзо да ги исполниме нашите обврски. Скринингот е завршен за два клучни кластери, за кои очекуваме Извештаи. Врз нивна основа ќе треба да подготвиме документи за реформи, во кои ќе бидат дефинираме нашите обврски до членството во ЕУ, во зададена временска рамка, којашто ние самите ќе ја зададеме – истакна Маричиќ.

Поврзани новости