До крајот на април треба да стигнат уште 76.000 дози вакцини од АстраЗенека, најави Филипче

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги пречека првите дози од вакцината АстраЗенека, односно 24.000 дози, а до крајот на април најави дека во земјава ќе пристигнат уште

-Имавме добри вести вчера и од Европската Унија. Во месец април треба да пристагнат и други вакцини од Кина. Сите пријавени од ризичните групи, според приоритетите, ќе бидат повикувани.
Тоа што сега го знаеме е дека во месец април, и преку Ковакс системот, треба да пристигнат дополнителни 76.000 дози повторно од производителот АстраЗенека, истакна министерот Филипче.

На прашање каде е произведена вакцината, тој рече дека е корејска и дека ќе се чува во фрижидерите во здравствените домови.

-Ова е вакцина што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално во секој град може да се чува и да се дистрбуира понатаму, рече Филипче.

Поврзани новости