Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има рок денеска да плати 456,8 милиони долари за да се жали на пресудата за измама, или Њујорк би можела да одземе некои од неговите имоти.
Судијата Артур Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја преувеличувале вредноста на богатството и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.
Со камата, Трамп и должи на државата Њујорк 456,8 милиони долари.
Тој денеска на социјалните мрежи повтори дека не е виновен и го нападна судијата кој досудил толкава сума.
Неговата кампања во петокот повика на донации од „милион про-Трамп патриоти“, предупредувајќи дека и познатата кула Трамп е во опасност од заплена.
Трамп на социјалните мрежи објави дека има 500 милиони долари во кеш, но сака да ги потроши за изборна кампања.
Како прв поранешен претседател на САД кој е обвинет, Трамп е обвинет во четири одделни случаи.
Тие процеси ги нарекува политички мотивирани и тврди дека е невин.