727
Филмот околу кој се дигна многу прав на фестивалот „Браќа Манаки“, „До балчак“ ќе ја претставува Македонија во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје, одлучи комисијата на Друштвото на филмските работници.
Комисијата во состав Роберт Насков (продуцент), Вардан Тозија (режисер), Горан Игњатовски (мејк ап артист), Иван Бартлинг (сценограф), Димитар Попов (кинематограф) со мнозинство гласови одлучи филмот на режисерот Столе Попов да ја претставува Македонија.