На новинарско прашање за децата што имаат проблеми за следење настава онлајн, премиерот Зоран Заев рече дека сите проблеми ќе ги решаваат во од. ИТ-уреди и интернет, рече, се обезбедени во поголем број училишта.
Остануваат само во мал дел каде што треба да се набават, но за нив ќе се доставуваат снимени и печатени материјали. Посочи дека постапката за набавка на ИТ-уреди трае неколку месеци, а според податоците се работи за околу 40 000 деца.
– Секако, ќе направиме сè во рамки на нашите можности, способности и капацитети како држава, да не оставиме ниту едно дете кое нема да почне школската година. Верувам дека ќе успееме, пред се со буџетот на институциите, но и со солидарноста на компаниите – државни и приватни, како и на граѓаните што помагаат, да има еднаков третман на сите деца, без разлика дали живеат во селата, градовите или во главниот град, рече Заев.