До 400 евра казна за охриѓанецот кој го шетал кучето без заштитна маска!

by Fokus

Охриѓанец кој вчера на пладне го шетал своето куче низ градот беа заштитна маска заработи парична казна. Тој бил затекнат од полициски службеници на улицата ,,Свети Климент Охридски” со миленикот од расата Кане Корсо, кој според закон се смета за опасно животно. Глобата која ќе треба да ја плати изнесува од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Од СВР Охрид за „Фокус” го потврдија настанот и велат дека е прв годинава, а во минатото имале по неколку вакви случаи годишно.

-Според член 29, на оној кој без заштитна маска, без надзор и невнимателно шета кучиња и други опасни животни кои можат некого да повредат или престрашат, му се изрекува глобата од 100 до 400 евра, во денари, вели портпаролот Стефан Димоски.

Инаку, кучињата од расата Кане Корсо се сметаат за доста интелигентни животни, со цврсто тело, кои можат да достигнат тежина и до 50 килограми.

Познати се како раса која лесно се дресира, слушаат команди, многу се верни на сопственикот и се дружељубиви со деца, но поради нивната големина најчесто изгледаат застрашувачки за околината.

Поврзани новости