527
До 29 ноември истекува рокот до кога граѓаните ќе можат да ги платат старите сметки за вода, без камата.
-ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја потсетува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање што започна на 04.11.2019 (понеделник), ЗАВРШУВА на 29.11.2019 (петок).
Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да ја искористат последната недела од оваа акција, од 25.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање, информираат од ЈП Водовод и Канализација-Скопје.