Половина час пред затворање на избирачките кутии гласале 34,09 отсто од граѓаните со право на глас, или 519.435 гласачи, соопшти Државната изборна комисија. Од таму посочија дека процентот произлегува од 84,83% обработени избирачки места и очекуваат бројот да се зголеми како што ќе се зголемува процентот на избирачки емста.
-Бројката ќе се смени кога ќе се дигне процентот на обработени места. Оваа бројка ќе се менува како ќе се апдетираат резултатите според обработени избирачки кутии – изјави претседателот на ДИК, Оливер Дескоски.
Тој оцени дека гласањето поминало во мирна и демократска атмосфера, со исклучок на неколку инциденти кои се случија попладнето.
Најголема излезност има во Сарај каде до 18.30 часот гласале 65,59 отсто од гласачите.
Во Аеродром излезноста е 37,8%, во Арачиново 49‘, Битола 32%, Дојран и Карпош 42%, Липково 54,08%.