До 13 часот гласале 24,87% од гласачите

by fokus

Излезноста до 13 часот на ниво на држава изнесува 24,87 отсто, односно на гласање излегле 269.674 гласачи.

Најголема е излезноста во Вевчани, Ранковце и Демир Капија, во Охрид гласале 30 отсто од гласачите, а од општините на ниво на Град Скопје најголема е излезноста во Карпош – 29 отсто од гласачите. Најмала излезноста во државата е во Сарај – 9 проценти.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски ги повика полициските службеници да не ги попречуваат новинарите во својата работа.

Тој информираше и дека во вториот круг од Локалните избори нема создавање редици и додаде дека тој своето избирачко право го остварил околу 12 часот.

Поврзани новости