До 1 јули ќе има субвенционирана струја, рече Бектеши

by Fokus

До 1 јули ќе има субвенција од Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој додаде дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи нема да има зголемување на цената на струјата за првиот и вториот блок.

„Целта на воведување на дневната евтина тарифа, беше од моментот кога имаше инвестициски бум во делот на фотонапонските централи. Во моментот кога зборуваме имаме инсталирани капацитети кои веќе произведуваат електрична енергија, а генерално во текот на денот се произведува повеќе од 680 мегавати. Тоа значи дека од април до октомври ќе имаме вишоци во одредени часови на денот што дава можност преку конкурентност да се намали цената на производство на фотонапонски централи.

Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, рече Бектеши.

Поврзани новости