ОВЕН
Се однесувате како личност која нема време за некои површни средби или настани кои не се вклопуваат во вашата сфера на интерес. Подобро е да се однесувате што е можно поумерено, бидејќи со вашето енергично однесување поттикнувате различни реакции и незадоволство кај некои соработници. Се грижите да им дадете на семејството и на саканата личност повеќе радост во заедничкиот живот. За ваша среќа, ќе најдете топло добредојде и разбирање. Ќе уживате во нечие емотивно внимание.
БИК
Потрудете се успешно да ги спроведете сите ваши идеи и планови. Важно е да имате доверлива личност и тим од доверливи соработници со кои имате заеднички интереси. Во љубовната врска не се обидувајте залудно да го промените однесувањето на партнерот или да го промените текот на работите кои не зависат од вашата волја.
БЛИЗНАЦИ
Донесувате важни одлуки и се однесувате одлучно во намерите пред вашите соработници. Се што треба да направите е да спроведете се што сте се договориле во минатото. Нема потреба да се расправате со неистомислениците и да губите време за некои споредни ситуации. Имате добро чувство, а љубовните настани што ги очекувате најавуваат среќен крај во врската со саканата личност. Понекогаш е најдобро да го следите само внатрешното чувство и да не зборувате премногу.
РАК
Се потпирате на вашите преговарачки манири, бидејќи без добра подготовка, план или проценка нема значаен деловен успех. Треба да се договорите со вашите соработници за почитување на различни интереси, за сите околу вас да чувствуваат морално и материјално задоволство. Вниманието и разбирањето што го добивате од вашето семејство се многу стимулирачки. Обидете се да ги задоволите сите ваши сакани на некој необичен начин.
ЛАВ
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажаните правила и да се избегне секаков вид на ризик. Одложете некоја напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапките на некои блиски пријатели. Се наоѓате во фаза на емотивен подем, па врската со партнерот ја доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.
ДЕВИЦА
Деловните проблеми со кои моментално се соочувате бараат дополнителен напор или добра концентрација. Нема потреба да реагирате набрзина и да ги преценувате своите можности пред околината. Најдобро е да оставите доверливи луѓе да одлучуваат за некои заеднички интереси. Добрата љубовна стратегија подразбира и подготвеност постојано да ги надминувате различните ограничувања низ кои поминувате во односот со партнерот.
ВАГА
Поминувате низ различни фази на креативно расположение и се грижите да си обезбедите оптимални услови. Обрнете внимание на реакцијата на блиските, бидејќи понекогаш не сакате да прифаќате коментари кои ги доживувате како остри критики. Во врската со љубовниот партнер често заземате активна улога и подготвени сте да промените некои вообичаени навики кои ве кочат. Инстинктивно можете да го препознаете вистинскиот момент и добар ритам.
ШКОРПИЈА
Некој ви дава корисни информации и на тој начин ви помага покоректно да ги процените различните деловни можности што ги имате на располагање. Јасно ви е дека заедничките договори претставуваат позитивен чекор напред во решавањето на важни деловни или приватни интереси. Слободно изразете некои од вашите потиснати чувства или намери. Направете посебен гест на внимание кон партнерот и во корист на заедничката среќа која треба да се негува.
СТРЕЛЕЦ
Дејствувате енергично во средбата со вашите соработници и поставувате нови барања во очекување дека се ќе тече според вашите стандарди. Меѓутоа, со пренагласување на личните барања, предизвикувате разни коментари кај соработниците. Треба да имате „широки хоризонти“ во секој поглед. Љубовните кавги прифатете ги како минлива фаза, бидејќи се се сведува на нов стимул или добар импулс кој ве води до емотивно зближување со партнерот. Потпрете се на вашите „скриени адути“.
ЈАРЕЦ
Вложувате многу труд за да постигнете позитивни резултати во професионалното изразување, но има ненадејни ситуации кои ги нарушуваат вашите планови и бизнис концепт. Треба да се ослободите од дополнителни обврски, немате доволно енергија да се вклучите во неколку забави истовремено. Склони сте кон чести промени во емоционалното расположение, особено во ситуации кога вашиот партнер изгледа отсутен или незаинтересиран за вашите идеи. Сакате повеќе нежност.
ВОДОЛИЈА
Се однесувате многу амбициозно пред околината и на сите им давате до знаење дека не сакате никој по ниту една основа да ви се спротивстави. Внимателно проценете ги ситуациите кои бараат некаков ризик или поголема инвестиција. Потребна ви е семејна хармонија и нечие присуство за да постигнете подобра психолошка рамнотежа и прилив на креативна енергија. Партер лесно може да ве поттикне да реагирате позитивно и да ги изразувате емоциите.
РИБИ
Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција. Ако дозволите работите да одат по својот пат, некој друг може одеднаш да ве престигне. Го набљудувате светот околу вас со различни очи или со весели тонови, се чувствувате задоволно и среќно со саканата личност.