ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Стрелецот го „чешааат“ парите, Рибите очекуваат интересна средба

by Fokus

Овен

Размислете брзо и дејствувајте брзо денес, вашата сила е како вашиот оклоп! Не срамете се да им кажете на сите што мислите, но бидете внимателни, еден непромислен чекор може да ве чини многу. Имате многу енергија, но оставете дел за попладне – не мора да ги водите сите „битки“ одеднаш, оставете си време да уживате или да се занимавате со физичка активност.

Бик

Чувствувате желба за промени и ве мачат сите што се обидуваат да ве убедат да се вратите на старите времиња! Може да има врска со работата, но и со љубовта. Дали некој ви „соли памет“ за некоја важна одлука? Не ги слушајте, вие најдобро знаете што ви треба!

Близнаци

Не сте баш расположени, рамнотежата во врската е нарушена и затоа сте тажни. Време е да донесете одлука и да продолжите понатаму. Дали треба да направите компромис, или сепак ќе откажувате од она во што верувате, зависи само од вас.

Рак

Во љубовта сакате повеќе слобода, но ве растргнува дилема – не сакате да ги повредите чувствата на саканата личност. Најдобро е да бидете искрени и да кажете што би сакале, заедно ќе најдете решение. Можна е главоболка.

Лав

Ѕвездите велат дека денес се чувствувате како да не ве ценат доволно, а спремни сте да им го кажете тоа на сите. Вредни сте и способни, но тоа не го забележуваат луѓето за кои се грижите, ниту чие мислење го цените. Запомнете дека секогаш имате избор и во работата и во љубовта, доколку не сте задоволни некаде, време е за нови работи!

Девица

Во текот на денот ќе бидете креативни и полни со енергија, лесно ќе завршите се што е на списокот. Во љубовта чувствувате притисок, како партнерот да сака нешто што не ве исполнува со ентузијазам. Попладне посветете се на активност која одамна не сте ја направиле!

Вага

Внимавајте на луѓето кои ви пречат денес, имате пократок фитил од вообичаено! Можно е некој член од семејството целосно да ве исфрли од чекор. Заштитете се така што ќе се „заблагодарите“ за понудата за дружење или гледање. Во љубовта фантазирате за некоја личност и се прашувате дали и таа мисли на вас.

Шкорпија

Поостри сте од вообичаено, внимавајте кога „боцка“! Некој ви ги напаѓа нервите и не можете ништо да направите во врска со тоа, но внимавајте да не обвинувате друга личност која само се обидува да ви помогне. Пазете се од несреќи бидејќи кога сте нервозни, не гледате наоколу!

Стрелец

Чувствувате огромна желба да потрошите уште малку пари, а ѕвездите велат, само напред! Можете да си го дозволите тоа ако сте биле внимателни во изминатите недели. Можно е да се работи за „гаџет“ или нешто за куќата. Кога станува збор за здравјето, внимавајте на коските.

Јарец

Вашиот внатрешен критичар и саботер денес е погласен од вообичаено! Не го слушајте, бидејќи не треба да дозволите старите несигурности да излезат на површина. Денес е важен ден бидејќи еден разговор може да ви донесе напредок, а вие не треба да се сомневате во себе. Можно е да имате проблеми со варењето, внимавајте што јадете!

Водолија

Денеска ќе бидете незгодни, имате одредена фрустрација поврзана со работата, можен е помал конфликт доколку не внимавате. Запомнете дека не сте должни на сите да им ги објаснувате своите мисли и чувства, дури ни вашите дела. Планирањето на патување за лето или гледањето нови работи за куќата ќе ве расположи.

Риби

Ако денес не треба да одите на забава, не одете – ѕвездите велат дека можни се несогласувања со пријателите, а за ситници! Најдобро ќе биде ако излезете од вашата рутина да ја отстраните негативната енергија што ве придружува како облак. Тргнете по друг пат од вообичаеното, прошетајте низ град кој ретко го посетувате, а можна е и интересна средба со личност која долго време ја немате видено.

Поврзани новости