Дневен хороскоп: Патување за Лавот, одмор за Рибите

by Fokus

ОВЕН

Ве измачуваат нерасчистените односи со пријателите коишто одамна ги познавате. Не ви преостанува ништо освен сериозно да поразговарате за сѐ. Ситуацијата нема лесно да биде решена, бидејќи за нив ве врзуваат животни ситуации на кои не можете да влијаете.

БИК

Целото внимание е насочено кон вас. Опкружени сте со луѓе чијашто судбина на некој начин зависи од потезите коишто вие треба да ги преземете. Непријатно е тоа што сте свесни дека некои луѓе не можете да ги поштедите, иако тие тоа не го заслужуваат. Не мешајте ги емоциите и работата.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас се состаноци и разговори од кои можеби и очекувате премногу. Отвореното спротиставување на личности коишто се по хиерархијата над вас, може дополнително да ви ги искомплицираат веќе напнатите односи коишто вие не сте во состојба самите да ги решите.

РАК

Ве измачува проблематичниот однос со саканата личност. Почнувате да размислувате за заминување, но не сте сигурни дали тоа би било постојано или само моментално решение. Сериозен разговор во многу би ја решил ситуацијата, но само доколку искрено искажете сѐ.

ЛАВ

Имате можност да отпатувате, но не многу далеку од местото во коешто живеете. Низата разговори во коишто вие ќе го водите главниот збор ќе бидат завршани, така што успешно ќе извршите една работа којашто во перспектива значително ќе ви ги подобри финансиите.

ДЕВИЦА

За да го постигнето тоа што го посакувате неопходно е да побарате помош од личност којашто статусно е далеку над вас. Долго ја познавате, но дури денеска е можна шансата да направите конкретен чекор и да го побарате она што одамна го посакувате.

ВАГА

Вашата позитивност ги привлекува и оние чиишто намери не се целосно добронамерни. Не изнесувајте приватни податоци, особено доколку станува збор за нешто кое се однесува на вашиот љубовен живот. Неочекувана средба може на дело да ви покаже колку светот е мал.

ШКОРПИЈА

Ве привлекува личност којашто не е слободна. Иако ви изгледа дека тоа би било животна врска, не заборавајте дека секогаш така помислувате на почетокот од познанствата. Не залажувајте се себеси, туку своето романтично расположение насочете го кон нешто попрактично.

СТРЕЛЕЦ

Добивате нови задолженија. Имајќи предвид дека станува збор за област во којашто досега не сте се испробале, прифатете го сето тоа како еден голем предизвик. Ќе си докажете себеси, а и на другите, колку се големи вашите способности. Не залетувајте се, бидејќи не сте безгрешни.

ЈАРЕЦ

Имате многу планови и очекувате набрзо да започнете некој од нив. За жал, денеска не ви претстојат поголеми придвижувања, освен што неколку туѓи искуства ќе ве наведат да размислите дали патеката којашто сте ја замислиле е најповолната за вас.

ВОДОЛИЈА

Успешни сте и претприемчиви, а некои проблеми изгледа како да ќе се решат самите од себеси. Но нешто се одвива поинаку отколку што навикнавте во минатото. Бидете отворени за сѐ, бидејќи ве очекуваат нови проекти, како и сосема нови познанства.

РИБИ

Без оглед на сѐ што сте планирале, бидете подготвени на тоа дека ќе одложите повеќе активности. Ги преценивте сопствените можности, па го сакале вие тоа или не, ќе бидете присилени работата да им ја препуштите на соработниците. Искористете го денот за мал одмор.

Поврзани новости