ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Големи предизвици за Ракот, Овенот го губи трпението во врската

by Fokus

 

ОВЕН

РАБОТА: Нов деловен партнер ве повикува да се видите некаде надвор од градот или под некои необични околности. Не сте сигурни за што се работи. ЉУБОВ: Доколку сте во долга, стагнантна врска, можно е да го изгубите трпението и да барате нови возбудувања. ЗДРАВЈЕ: Спортувајте, фитнес.

БИК

РАБОТА: Моментално постапувате по нечии совети и свесни сте дека требаше да се послушате себе си. Тоа е најбезбедно. ЉУБОВ: Доколку сте слободни, можно е денес да имате пад на самодовербата или да помислите на личност која не можете да ја имате. ЗДРАВЈЕ: Настинки, чувствителен урогенитален тракт.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Имате навистина големи очекувања од новиот проект кој е на повидок. Тука сте само асистент, но сепак ќе имате голема корист од сето ова. ЉУБОВ: Можно е разочарување. Едноставно не сте на исти бранови должини со партнерот ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот, жолчката.

РАК

РАБОТА: Сè што правите денес може и ќе биде искористено против вас доколку направите грешки. Внимавајте како работите. ЉУБОВ: Претерани емоции кои или ќе го стопат или ќе го избркаат вашиот партнер. Барем конечно ќе знаете на што сте. ЗДРАВЈЕ: Мирот го наоѓате во вашиот дом.

ЛАВ

РАБОТА: Во случај да не сте земале слободен ден и да не сте на боледување, ќе ви биде откажана смената или целосно ќе ви се сменат плановите. ЉУБОВ: Сега ви одговара партнерот. Некој кој дава сигурност. Ова не е време за авантури и ризици. Може да се откријат тајните врски. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Имагинација… Размислувате што е праведно, а што не и се прашувате како некои луѓе стигнале на повисоки позиции од вас. ЉУБОВ: Доколку имате слободен ден, многу е добро да се опуштите на некое јавно место каде што би можеле да запознаете помлада, привлечна личност. ЗДРАВЈЕ: Нервоза.

ВАГА

РАБОТА: Денеска можете да запечатите или потпишете важен договор, документ. Денот е поволен доколку се занимавате со некаква документација или работа со судот. ЉУБОВ: Ако вашиот партнер знае што сака, тој презема иницијатива и вие сте негови додека да трепнете! ЗДРАВЈЕ: Главоболки, ризик од изгореници.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Имате впечаток дека ништо не се менува. Нема да издржите толку долго. Премногу ви пречи ваква состојба без акција. ЉУБОВ: Доволно сте зрели за да знаете како да се поставите. Понекогаш е подобро да молчите. Доколку сте слободни, Овенот или Водолијата нема да ви одолеат. ЗДРАВЈЕ: Можен осип на кожата.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Едноставно не сте задоволни од реформите што се спроведуваат и сте носталгични… Можеби беше подобро во минатото, но мора да живееме во сегашноста. ЉУБОВ: Имате чувство дека другата страна си игра со вас. Врската „дојди кај мене“ нема да трае. ЗДРАВЈЕ: Склоност кон дебелеење и прејадување.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Имате самодоверба и многу повеќе се потпирате на себе и на вашето искуство отколку на среќата. Можност за профит на јавни места за забава. ЉУБОВ: Денес ќе ја покажете својата љубов со мали гестови. Оние кои добро ве познаваат ќе го ценат тоа. ЗДРАВЈЕ: Ризик од повреда или паѓање.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Го изгубивте компасот. Едно ви ветуваат, а друго се случува. Доколку се укаже можност, поволна е соработка со лице од друг град. ЉУБОВ: Сте си играле со некои, со некои не толку, но имате чувство дека стрелата на Купидон доаѓа до вас, иако сте се обиделе да се оттргнете од неа. ЗДРАВЈЕ: Проблеми во пределот на главата но и со притисок.

РИБИ

РАБОТА: Можно е некој од роднините да сака да се меша во вашата работа или да ви понуди нешто. Не верувајте во ветувањата. ЉУБОВ: Партнерот малку ќе ве спушти. Не сте баш воодушевени од тоа, но тоа е вистина. Никогаш не се препуштајте на расправија или кавга. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со крвната слика.

Поврзани новости