Дмитриј Песков: Преговори меѓу Русија и Америка за Украина откако амбасадите ќе профункционираат

by Fokus

Малку е веројатно дека преговорите меѓу Русија и САД за Украина ќе започнат додека дипломатските претставништва на двете земји не почнат да работат во целост, изјави денеска прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето на РИА Новости кога се очекува да започнат овие преговори, тој рече дека е малку веројатно додека амбасадите не бидат целосно оперативни, наведува агенцијата.

- Advertisements -

Руско-американски состанок посветен на проблемите на амбасадите во Москва и Вашингтон се одржа на 27 февруари во Истанбул, пренесува РИА Новости.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека страните покренале прашања поврзани со рускиот дипломатски имот во САД во контекст на враќањето на руската страна на шест имоти „незаконски запленети во периодот 2016-2018 година“, пренесува Танјуг.

Поврзани новости