396
По нападот на Киев врз областа Курск, Русија нема да води никакви преговори со Украина додека непријателот не биде целосно поразен, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност (СБ) на Руската Федерација – Дмитриј Медведев.
Тој ги советувал политичарите на западните земји, кои според него „ги поддржуваат провокациите на режимот во Киев во Курската област“, да не се радуваат на операцијата на украинската армија во тој руски регион, пренесува ТАСС.
Во објава на Телеграм, тој рече дека ситуацијата за Украина само ќе се влоши како резултат на тој чин.