„Длабоко го почитувам Апасиев“, вели Силјановска-Давкова

by Fokus

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вели дека е подготвена да се сретне со раководството на Леица, за остварување на заедничките цели кои се од интерес за сите граѓани.

„Длабоко го почитувам принципиелниот однос на колегата Димитар Апасиев кон прашањето: да се учествува или не на претседателските избори? Искрено верувам дека членовите на Левица го делат истиот или имаат сличен став. Впрочем, многумина од партијата и лично ги познавам. Сигурна сум дека низ годиниве сум успеала да ги убедам дека, не само што се повикувам туку и живеам со принципите на правото, правдата и етиката. Таква ќе бидам и како претседателка: своја и непослушна како нив, единствено верна на владеење на правото. Подготвена сум да се сретнам со раководството на Левица и отворено да разговараме за тоа како можеме да работиме на остварување на заеднички цели кои се од интерес за сите граѓани“, вели Силјановска-Давкова.

Поврзани новости