Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека Собранието е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на ДКСК согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Додаваат дека поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка.
-Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав.Воедно, Ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа – се вели во соопштението на Антикорупциската комисија.
Првата антикорупционерка – Татјана Димитровска се гони за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“.
Обвинителството за ревизорот предложи мерки на претпазливост, но и забрана да одржување на контакти со Димитровска.
За претседателката на ДКСК остануваат да важат определените мерки од судот.