Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска и официјално соопшти дека до Основното јавно обвинителство е поднесена иницијативата за кривично гонење против поранешен министер за култура.
Станува збор за Хусни Исмаили кој сега е предлог на Алтернатива за потпретаедател на Собранието.
Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека посочениот министер постапувал спротивно на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети за 2020 година со тоа што во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.
– Со Законот за буџети се предвидува дека буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или се направат расходи над одобрените средства од буџетот. Со член 4 од Законот за извршување на буџетот за 2020 година се наведува дека буџетските корисници и единки не смеат да преземаат обврски или да направат расходи над лимитот над одобрените средства од Буџетот. Според член 37а за извршување на буџетот на буџетскиот корисник е одговорен раководителот на буџетскиот корнисник. Врз основа на ова прекршување, ние ја подготвивме иницијативата и веќе е доставена до ОЈО за понатамошно постапување, изјави Георгиев.
Како што објавивме кривичната пријава е веќе стигната во Обвинителство и надлежен обвинител постапува по неа.
Кривичната за можниот иден потпретседател на Собрание „во рацете“ на Обвинителството