По претходно извршен инспекциски надзор на лице место од Државен инспекторат за животна средина, контејнерите со катран/мазут забележани во шумите на Скопска Црна Гора ќе бидат отстранети.
Ова е ветувањето на ДИЖС, откако неколку планинари алармираа за загрозувањето на животната средина што го предизвикуваат овие контејнери.
„Активностите за расчистување се отпочнати во соработка со ЈКП од Чучер Сандево и по финализирање деновиве ќе има инфо на фб страницата на ДИЖС за целиот случај. Претходно беше извршен и вонреден инспекциски надзор на лице место во соработка со планинар. Новите локални власти веќе започнаа со почетно расчистување на сметилишта лоцирани во Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода“, информираа од ДИЖС.
Јорданчо Цветаноски