За пожарот кој го зафатил магацинскиот дел на фабрика за канабис, известија и од Државниот инспекторат за животна средина, од каде што појаснуваат дека е опожарен магацинскиот простор на правниот субјект ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО, село Дебриште, Општина Росоман.
-Од страна на ДИЖС, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место. Правниот субјект поседува Елаборат за животна средина.
На лице место присутни МВР-Крим полиција, Противпожарна бригада од Кавадарци, Росоман и Неготино со помош од противпожарна бригада од правниот субјект Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ). Пожарот е локализиран, а следат истражни дејствија за причините за пожарот, информираа од Државниот инспекторат за животна средина.