Дизелот поскапе за половина денар, бензините со иста цена

by Fokus

Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 50,50 денари за литар.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 50,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер“ од 95 октани и „еуросупер“ од 98 октани останува истак као и досега: 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм и ќе изнесува 31,650 ден за килограм.

Поврзани новости