483
Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на мазутот останува иста.
Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.
Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.