484
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 79, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 81 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за половина денар се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и ќе изнесува 79,5 денари. За 1,372 денари за килограм поевтинува и Мазутот М-1 НС и ќе чини 39,283 денари.