769
Владата донесе препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите според која цените ќе се менуваат на дневна основа и на тој начин да се избегнат големите промени на цените.
Владата ќе го пролонгира воведувањето на еколошката такса за енергенси кое е во собраниска процедура.
– Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин ,гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан. Оваа мерка ќе ја заштити куповната моќ на потрошувачите. Мерката ќе има директно влијание врз цените. Дизелот наместо 85,5 би се намалил на 75,5 денари, бензинот наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари, рече премиерот Димитар Ковачевски.