419
Популарниот хард рок бенд „Дивје јагоде“ доаѓа во Македонија и најавен е голем концерт кој ќе одржи на 27-ми септември во Македонска филхармонија.
Како што информираат од организацијата на настанот, во совршено акустичниот амбиент на Филхармонија ќе се пеат безвременските хитови на бендот: „Једина моја“, „Криво је море“, „Не желиш крај“, „Како си топла и мила“, „Заувек твој“, „Марија“, „Мотори“ и други.
Групата чиј фронтмен е Зеле Липовача е основана во 1977 година. Истата година за дискографската куќа Југотон снимија сингл со две песни – „Једина моја“ и „Rock ‘n’ Roll“, и започнаа да ја освојуваат публиката ширум поранешна Југославија.
Влезниците за концертот се пуштени во продажба по цени од 1.300 и 1.500 денари.
Вики Клинчарова