Синдикатот на Државниот испитен центар се огласи по изјавата на министерот Јетон Шаќири, кој рече дека директорката на ДИЦ од јануари ќе може да ги зголеми платите на вработените.
Од Синдикатот велат дека Шаќири треба сериозно да си ја сфати функцијата и да не ја доведува во заблуда јавноста декаќе го реши проблемот на почетокот на следната година. Според нив, Шаќирир се повикува на непостоечка уредба, со која би добиле додаток на плата и општ колективен договор што би важел до јули 2025 година.
„Не бараме додатоци, туку бараме достоинствена плата како што ја имате и Вие и општ колективен договор кој би важел од јули 2025 година, му одговорија од Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) на министерот за образование.
„Министре, сериозен политичар борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција не смее да си дозволи да ја исмева нарекувајќи ја желба за популарност.
На крајот бидете и Вие општествено одговорни па откажете се од Вашата плата во интерес на образовниот процес и вработените на ДИЦ, затоа што нашите барања за покачување за сите вработени во ДИЦ се околу една министерска плата!“ велат од Синдикатот на ДИЦ.