Државниот санитарен и здравствен инспекторат – подрачно одделение Битола откако изврши вонреден инспекциски надзор, ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во Клиничката болница „Трифун Пановски” во Битола односно забрана за давање здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.
При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констатираше дека директорот на установата во врска со случајот преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против девет лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.
Оттаму посочуваат дека ќе достават известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.