Дисциплинска за полицаецот кој му удри шамар на момче во Карпош

by Frosina Fakova

Одделот за внатрешна контрола поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност за полицаецот кој беше снимен како му удира шамар на момче во скопската населба Карпош.

– Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандари констатирано е дека полицискиот службеник Љ.П. постапил спротивно на Правилата и прописите за што е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно член 225 а во врска со член 208 став 1 точка 4, 10 и 14 од КД на МВР, а мерка укажување согласно член 207 став 1 и алинеја 1 од КД на МВР, е изречена против тројца полициски кои ги извршувале работните задачи без заштитни маски. За извршените проверки ќе биде доставено известување до надлежното јавно обвинителство за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања, се вели во соопштението од МВР.

Според информациите од МВР, полицаецот при редовна контрола запрел возач со патничко возило „јагуар“ бидејќи не ги почитувал сообрајните правила.

На возачот му бил констатиран прекршок и му бил издаден платен налог, а полицаецот без основ му удрил шамар на момчето. Постапката е отворена откако видеото беше објавено во јавноста.

Видео: Полицаец му удира шамар на момче

Поврзани новости