Односите во владејачката коалиција и дискусиите кои се водат во владејачката коалиција и дискусиите кои се водат на владините седници се на професионален начин, седниците не се дебатни емисии, изјави премиерот Димитар Ковачевски на парашање какви се односите во владејачката коалиција, со оглед на вербалните препукувања кои деновиве ги има меѓу Алијанса за Албанците и ДУИ.
-Што се однесува до односите во коалицијата, седниците на Влада се организираат согласно Деловник и дневен ред и таму се разговара на професионален начин. Министрите имаат свои насоки кои ги исполнуваат и врз основа на кои се известува и се дискутира. Така што седниците на Влада не наликуваат на дебатни емисии во телевизии, каде што политичарите ги даваат изјавите во служба на своите политички партии. Меѓутоа, кога се работи во Влада, дискусиите се сосема насочени кон темите кои се обработуваат на седниците на Влада, рече Ковачевски.
Стабилноста на владејачката коалиција е актуелна деновиве откако министерот од Алијанса за Албанците задолжен за информатичко општество и администрација Азир Алиу во телевизиско гостување рече дека ДУИ треба да се „апдејтира“ и да оди во опозиција, додека од ДУИ рекоа дека коалицијата функционира добро и нема никакви разлики.