Директорот Николовски: Таванот во „Стив Наумов“ падна поради неквалитетна реконструкција од претходното раководство

by fokus

Директорот на студентските домови, Дарио Николовски, изрази жалење за паѓањето на таваните од два тоалети во зграда 1 на домот „Стив Наумов“.

-Во инцидентот немаше повредени. Паѓањето е последица на неквалитетната реконструкција на тоалетите пред неколку години, што е уште една од низата проблеми што ги остави претходното раководство – изјави Николовски во интервју за „1ТВ“.

Според директорот веројатно немало ставено изолација за влага и затоа се случило ова.

Тој истакна дека Стив Наумов е студентски дом кој е во најлоша можна состојба и затоа тој е приоритет за реновирање.

-Потребни се и нови објекти, но неопходна е една добра реконструкција, поготово во Стив Наумов. Во два блока од „Гоце Делчев“ заврши реконструкцијата и тие сега ги задоволуваат стандардите – рече Николовски.

На прашањето, дали ќе има одговорност за паднатите тавани, тој одговори дека ќе биде побарана ревизија, и доколку се констатираат неправилности ќе се бара одговорност.

Поврзани новости