Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски синоќа во вестите на МТВ најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали нивото на корупција и да се зголеми контролата.
„За сузбивање на корупцијата преземаме конкретни мерки, во скоро време ќе се набават 60 боди камери за што е обезбедена донација од амбасадата на САД“, рече Николовски.
Тој додаде дека интензивно се работи и на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ, а најави и координирани акции во иднина со останатите институции.️
„Размената на податоци е клучна за сузбивање на криминалот, но и за креирање ефективни реформски политики при што веќе се договорени конкретни активности со УЈП, Народна банка, Бирото за јавна безбедност, Државен завод за статистика“ – истакна Николовски.