741
Директорот на струшката болница, Мухамед Асани нема веќе да ја извршува функцијата која досега ја извршуваше и ќе биде назначен нов директор, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата.
„Донесов одлука за формирање на нова комисија. Досегашниот директор на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен. Во наредниот период ќе биде назначен нов директор“, рече Филипче.
Ваквата одлука следува откако пациенти го обвинија доктор Асани за лекарска грешка.