Директорот на ПОЦ, Кичевски демантира дека бил нападнат во кафеана

by Fokus

Денеска во неколку медиуми се појави вест дека директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, бил наводно нападнат во кафеана во Дебар маало, на што веднаш реагираше самиот Кичевски.

Тој ги отфрли таквите информации, додавајќи дека инцидентот се случил на негова маса, но тој не учествувал во истиот.

„Имено сакам да ја информирам јавноста дека јас не учествував во инцидентот иако се случи на масата на која што седев. Двајца за мене непознати лица дојдоа во ресторанот и ги нападнаа и повредија моите пријатели . За овој инцидент има и видео запис како доказ на кој јасно се гледа дека јас бев само сведок на немилиот настан. Барам извинување од порталот СДК и корегирање на текстот бидејќи нити бев нападнат нити учествував во инцидентот. Инцидентот е веќе пријавен во МВР и во наредните денови ќе се расчисти случајот и правдата ќе биде задоволена“, напиша Кичевски.

 

Поврзани новости