507
Директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка.
Тој објави на официјалниот фејсбук профил на претпријатието и наведе дека оставката ја дава поради здравствени причини.
„Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП ‘Паркови и зеленило’. И’ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, вели тој.
Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по караницата на скопската градоначалничка Данела Арсовска.