Директорот на Онкологија: Три од шесте лека што недостасуваат на Клиниката се очекува да стигнат денеска и утре

by Fokus

Два од шесте лека што недостасуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје се очекува да стигнат денеска, а од утре на располагање на Клиниката ќе биде уште еден лек.

Ова во изјава за државната МИА попладнево го изјави директорот на Онкологија, Игор Стојковски.

Другите три лека, според Стојковски, ќе пристигнат на Клиниката на почетокот на февруари.

„Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите“, вели директорот на Онкологија.

Стојковски информира дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на Онкологија до крајот на годината. Ако има потреба од дополнителни финансиски средства, како што рече, Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе во пресрет.

Поврзани новости