Директорот на „Македонија пат“: Снегот го чистиме постојано, но некогаш ветерот го враќа повторно на патиштата

by fokus

Со новите снежни наноси кои ја зафатија Македонија во изминатите неколку дена, повторно настана сообраќаен хаос на поголем дел од патните правци низ државава.

Социјалните мрежи „вријат“, а први на удар се екипите на Македонија пат кои се надлежни за чистење на главните патишта.

Директорот на ова претпријатие, Гајур Кадриу за „Фокус“ вели дека е задоволен од сработеното на неговите екипи.

„Направете споредба со државите каде врни обилен снег и кај нас. Тогаш ќе уочите дека не може повеќе да се направи. Според сите пишани правила, екипите биле на терен и не сме гледале со сеир кон снегот. Постојано сме на терен, а и претходно сме посолувале. Единствен проблем е регионот кај Штип и Радовиш. Таму има и големи ветрови, кои повторно го носат снегот на патот“, истакна Кадриу.

Како што додаде Кадриу, со цел да се избегне сообраќаен хаос, превентивно се носат мерки на патните правци кои се сметаат за поризични.

„За да не дојдеме во вакви ситуации, ставаме превентивна забрана кај Стража, Пресека. Таму е и опасно за тешки товарни возила и е ризично за шлеперите. Но, статистички гледано, не постои проблем. Некогаш се вози и без соодветна опрема, но не можеме некогаш до целост да го исчистиме снегот“, додаде Кадриу.

Фото – Мета, Македонија пат

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости