Директорот на косовската полиција Хоџа на средба со заменик министерот за внатрешни работи, Буши и директорот на БЈБ, Тасевски

by Fokus

Генералниот директор на полицијата на Косово, Газменд Хоџа, придружуван од соодветна делегација на косовската полиција денеска е во работна посета на Министерството за внатрешни работи/Биро за јавна безбедност.

За време на посетата, Хоџа се сретна со заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, по што беше одржана билатерална средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

На средбата се разговараше за одличната меѓусебна соработка, која континуирано се спроведува во текот на изминатите години, со заложби истата да продолжи уште на повисоко ниво и во иднина, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на двете земји, како и економски просперитет.

Како главни теми на средбата беа образложени полициската соработка во борбата против прекуграничниот и организиран криминал, заедничките истраги, прекуграничната соработка и соработката во делот на заеднички обуки, што има за цел унапредување на полициските капацитети на двете земји. Притоа беше нагласена и заедничката улога на полициите на двете земји во меѓународната соработка.

Генералниот директор на полицијата на Република Косово за време на еднодневната посета, го посети и Центарот за обука Идризово.

Поврзани новости